Директор на болница во Косовска Митровица: Над 53 повредени во судирите во Звечан

Од:

Повеќе од 53 лица имаат различни видови повреди од шок бомби, солзавец и удари, тројца се задржани во болница, а едно лице е во животна опасност и има прострелни рани, изјави Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица за N1.

Косовската полиција денеска се обиде да ги растера Србите кои протестираатза да ги спречи градоначалниците Албанци, избрани на неодамнешните спорни избори, да преземат должност во градовите со мнозинско српско население во северно Косово.

Ситуацијата ескалираше во Звечан кога специјалци спречиле група демонстранти да влезат во просториите на градската управа. Беа фрлени шок бомби и солзавец, а демонстрантите одговорија со камења и шишиња.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово