Дино Раџа повреден во сообраќајна несреќа

Од:

Поранешниот кошаркар на Југопластика и репрезентативец на Југославија, Дино Раџа, имал сообраќајна несреќа во Сплит, возејќи го својот мотор.

Според хрватските медиуми, на патот по кој се движел Раџа се појавил автомобил кој му го попречил движењето. Кошаркарот не можејќи да сопре паднал од моторот. По несреќата веднаш станал, но превентивно бил пренесен во сплитската болница каде му биле констатирани само полесни повреди.

Сплитската полиција дополнително ќе се утврдува кој од учесниците во сообраќајката минал на црвено светло.

Еден од најдобрите центри во поранешна Југославија, со својот мотор ја минал речиси цела Европа.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб