Српскиот министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ денеска изјави дека Србија има „итна“ потреба од нов договор со Меѓународниот монетарен фонд и вети намалување на буџетскиот дефицит.
Изјавата на Динкиќ уследи откако двајца членови на Управниот совет на Централната банка на Србија поднесоа оставка, обвинувајќи ја Владата дека ја злоупотребува улогата на Банката и откако „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на земјата за еден степен до ББ минус.
Динкиќ истакна дека негова цел е да го намалу буџетскиот девицит за околу седум проценти од бруто домашниот производ годинава, а во 2013 година за околу четири отсто.