Динамично кинеско присуство во Грција

Од:

Атина очекува нов силен притисок врз обостраните економски односи помеѓу Грција и Кина, а исто така и од експерименотот со раст на грчката економија во привлекувањето на големи инвестиции од таа земја.

Надежите на Атина се поврзани со претстојната посета на кинескиот премиер Ли Кеџин, кој на 19 и 20 јуни ќе има средба со својот грчки колега Андонис Самарас, а подоцна во средината на јули шефот на државата Си Џинпинг ќе се сретне со својот грчки колега Папуљас на островот Родос.

Во меѓувреме, беше соопштено дека посетата на кинескиот премиер ќе биде најавена со доаѓањето на претседателот на кинсекиот гигант во морскиот транспорт Коско, кој ќе дојде во Атина за да преговара и да ги објави интересите на Пекинг за инвестиции во најголемото грчко пристаниште Пиреја.

Во писмо упатено до Папуљас по повод неговиот роденден, кинескиот претседател ја оцени Грција како „стратешки партнер“ за Пекинг, и ја потврди вољата на Кина за инвестирање во голем обем во Грција.

Се очекува во рамките на претстојната посета на кинескиот премиер да бидат потпишани редица меѓународни и трговски договори. Се смета дека ќе биде конкретизиран и кинескиот интерес не само за прстаништето во Пиреја, туку и за солунското пристаниште, а исто така и за други државни активи кои се подложни на приватизација.

Кинеските инвеститори пројавуваат интерес и за меѓународниот аеродром во Атина, за железничките компании Треносе и Роско, како и за трговскиот центар во Триасио, кој се простира на површина од околу 500 декари.

Според неименувани владини извори, Самарас и неговиото кинески колега ќе присуствуваат и на потпишувањето на договорот помеѓу компаниите Ламда дивелопментс и Фосун во врска со експлоатацијата на стариот аеродром Еленикон крај Атина, кој сега е даден под концесија. Тие исто така ќе ги посетат зданијата на компанијата Коско во пристанишетто во Пиреја, и ќе зборуваат на форум организиран од грчкото министерство за развој.

Се очекува двете страни да ја потврдат заложбата за проширување на соработката во областа на трговската флота, која се засили во последниве неколку години, а тоа се гледа од нарачката од тсрана на грчките бродосопственици за 142 пловечки објекти кои во моментов се градат во кинески бродоградилишта.

Се предвидува посебно значење во таа насока да биде дадено и со меморандумот за поморска соработка помеѓу двете земји, кој ќе биде потпишан за време на посетата на кинескиот премиер.

Пекинг уверува дека кинеската влада разгледува да го продолжи да го насочува финансирањето од страна на кинески банки за грчките бродосопственички програми.

Заслужува да се напомене дека за 15 дена се очекува грчката агенција за приватизација да објави кои компании се пласирале за следната финална фаза во тендерот за распродажба на компанијата која управува со пристаништето во Пиреја.

На крајот на минатата година, таа грчка компанија и кинескиот гигант за поморски транспорт Коско си подадоа рака како ратификација на финалниот текст за договорот со кој се предвидува кинеска инвестиција од 230 милиони евра во грчкото пристаниште. Овој договор следува откако двете страни претходно во текот на јуни 2013, потпишаа меморандум за соработка.

Во договорот се предвидува кинеската инвестиција да биде наменета за изградба на нови терминали, и за рехабилитација на пристаништето. Инвестицијата ќе отвори нови 700 работни места во Пиреја, и ќе је зголеми користа за земјата затоа што ќе се зголеми опслужувањето на товари во грчкото пристаниште.

Кинескиот гигант оперира со два терминали во пристаништето Пиреја, и планира да изгради трет, преку кој ќе минуваат голем дел од кинеските стоки за Европа. Досегашните инвестиции на Коско достигнаа 700 милиони евра. Освен во пристаништето во Пиреја, Коско има намера да инвестира и во грчките железници.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит