„Димократија“: Јоргос Папандреу живее како принц

Од:

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу живее како принц и се наоѓа на одмор во луксузен хотел во момент кога неговата земја тоне во сиромаштија, пишува денеска грчкиот весник „Димократија“.

Според весникот, оваа година Папандреу порано го почнал летниот одмор, бидејќи тој сака да спортува.

По одморот на грчкиот остров Серифос, на околу 118 километри од Пиреја, поранешниот грчки премиер заминал за Килини, при што избрал хотел со поглед кон Јонското Море. Хотелот со пет ѕвезди „Мандола Роса“ има СПА центар со површина од 1.400 метри квадратни, а исто така и соби и вили со приватни базени, додава грчкиот весник.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит