Доколку дојде до застој во примената на бриселскиот договор, во тој процес мора да бидат вклучени премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи истакна шефот на мисијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер.
-Ние сме задоволни од потпишувањето на договорот, но неопходна е и негова имплементација. Доколку дојде до застој, ќе ги вклучиме двајцата премиер-изјави тој.
Тој на манифестацијата „Европа, тоа си ти“ нагласи дека Белград и Приштина сега ги очекува решевање на многу важни прашања, како што се електростопанството и телекомуникации.
Шефот на делегацијата на ЕУ, претходно изјави дека доколку тимовите за примена на договорот помеѓу Белград и Приштина не успеат да се договорат за примена на решението, можеби ќе биде потребна дополнителна арбитража на повисоко политичко ниво.
Елена Георгиевска