Девојчето кое што ја обедини Хрватска почина

Од:

По мачната борба со тешката болест почина петгодишната Нора Шитум. Нејзината борба со животот прекинала денеска, а на нејзината официјална Фејсбук страница осамнал статусот: „Нашиот ангел доби крилја…“.

Девојчето кое беше болно од тежок облик на леукемија (акутна лимфобластична леукемија) ја крена Хрватска на нозе откако нејзината мајка јавно објавила дека само за неколку денови мораат да соберат околу 700.000 евра за експериментално лекување во детската болница во Филаделфија во САД.

За жал, на Нора по три недели во Филаделфија состојбата и се влошила. Габичките преку крвотокот допатувале до нејзиниот мозок па лекарите веднаш предупредиле дека смртноста во такви случаи е дури 90 отсто.

Поради исклучително лошата состојба било невозможно да се продолжи со експерименталнта терапија.

Во хуманитарната акција од незапамтени размери граѓаните покажале големо срце и успеале за само неколку дена да ја соберат оваа огромна сума пари.

На официјалната Фејсбук страна на групата „Hrabro dijete“ е објавено потресно писмо од нејзината мајка Џана.

Драги пријатели, вечерва во 00:20 или во 05:20 часот по хрватско време, нашиот страшен лав одлучи да ги склопи очите и да се одмори. И беше доста и и беше премногу. Штом неа и беше доста, тогаш знаете дека навистина било ДОСТА. Таа отиде таму каде што ништо не боли, каде што никој нема да ја боцка и каде што нема ниту леукемија, ниту страдање. Бевме со неа до последниот момент. Отиде многу мирно и спокојно, прекрасна како и секогаш. Со долгите трепки и најслатките мачкини образи… исто како да спие. Затоа што таа само сакаше конечно да легне и да заспие, покрај своите тато и мама, никој друг да не ни пречи. Особено не некои доктори со игли и таблети. Таму некаде танцува мојата принцеза, среќна и слободна! Не чува и гледа! Не научи што е љубов! Ни го промени животот. Нема да биде лесно без неа, но, всушност, таа секогаш ќе биде тука… Имам една рана на срцето која боли многу. Но, секогаш кога ќе ме заболи, се потсетувам кој е внатре. Како пред шест години, кога ме клоцаше во стомакот. Ве сакаме и ви благодариме на бескрајната и несебичната поддршка во текот на целиот овој период! Нора во срцето! :)

П.С. Се надевам дека небото е доволно големо за нејзината енергија и хиперактивност. Таа тука немаше доволно простор! :)”.

Би можело да ве интересира

Несреќен случај – загина Анте Ќорушиќ, директорот на најголемата хрватска болница

А1он

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор