По повод денешниот меѓународен ден на океаните, грчкото МНР соопшти дека Грција и САД заедно ќе ја организираат деветтата меѓународна конференција „Our Ocean Conference“ што во 2024 година ќе се одржи во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Организирањето на конкретната конференција била во фокусот на средбата минатиот месец во Вашингтон на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со специјалниот претставник на американскиот претседател задолжен за климатските промени Џон Кери.
Од Министерството за надворешни работи на Грција објаснуваат дека на конференцијата се очекува да се разгледаат начините за справување со влијанието на климатските промени, на прекумерниот риболов и загадувањето на морињата.
Извор: МИА