Уште на првиот школски ден, во белградско училиште откриено дете заразено со корона

Од:

Уште на првиот ден од новата учебна година во Србија, коронавирусот е откриен во основно училиште во Белград, кај дете што било на настава и покрај тоа што чекало резултат од тест за вирусот.

Против родителите на заразениот ученик, кои дозволиле тој да оди на училиште и покрај тоа што можеби е заразен, српското Министертвото за образование поднесе пријава до Центарот за социјална работа. Тие се товарат за повреда на безбедноста на другите деца како и поради несовесно однесување, пренесуваат српските медиуми.

Ученикот бил тестиран на 31 август, но и покрај тоа мајката, која работи како медицинска сестра, утредента го испратила на училиште. Таа за позитивниот резултат од тестот дознала дури вчера попладнето, кога ја известила наставничката од основното училиште „Браќа Јерковиќ“ во белградската населба Железник.

Ресорниот министер Младен Шарчевиќ изјави дека е изненаден од постапката на мајката, бидејќи таа била вработена како здравствен работник. Тој додава дека групата ученици, кои биле во контакт со заразениот, е префрлена на онлајн настава и дека наставниците, исто така, не доаѓаат на училиште. Тој најави декасемејството ќе биде предмет на санкции за неодговорно однесување.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор