Едно десетгодишно дете загина во судар на училишен автобус и автомобил во северниот дел на Атина.
Според првичните извештаи, детето било во автомобил со неговата мајка која го носела на училиште, но таа изгубила контрола врз возилото и директно удрила во училишниот автобус во кој имало 19 деца.
Мајката и возачот на автобусот се сериозно повредени и пренесени во болница, додека другите деца поминале со полесни повреди.