Детали за трагедијата во Цетиње: Убиени се кумови, пријатели и роднини

Од:

Масовниот убиец од Цетиње, Ацо Мартиновиќ се самоуби откако уби најмалку дванаесет лица, соопшти полицијата. Мартиновиќ, кој беше во бегство, полицијата го лоцирашеа недалеку од неговата куќа во Цетиње.

„Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до клиничкиот центар“, изјави на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ.

Тој додаде дека напаѓачот уби најмалку дванаесет лица, но можно е да има и повеќе жртви. Четири лица се тешко ранети. Меѓу жртвите има две деца на возраст од 10 и 13 години и сите се најблиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.

Мартиновиќ злосторството го започна во ресторан во Велестово во близина на Спортскиот центар. По инцидентот меѓу него и гостин, тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица. Потоа ги убил членовите на неговото семејство и две деца на возраст од 10 и 13 години. Шќепановиќ рече дека мотивот се уште се утврдува.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски