Како што дознава Глас Истре, ученикот кој за жал загина во Прага бил примерен ученик, не бил проблематичен, а се работи за нереќен случај. Како што пренесува хрватскиот медиум, ученикот не е од Пореч, туку од Умаг. Тој загинал при пад од зграда во Прага.
Од истарската полиција знаат за настанот, но немаат точни информации за околностите.
На матура заминаа 87 ученици, матуранти од три паралелки и четворица професори. Тие заминаа на дипломска во четвртокот. и требало да останат до недела, но поради целата ситуација, која длабоко ги потресе сите, веќе во саботата заминале за Пореч.
Матурантот од Пореч, 17-годишен млад уленик, почина на матурата во Прага, ова во саботата попладне им го потврди на новинарите директорот на гимназијата „Мате Балоте“ од Пореч, Крешимир Брониќ.
„За жал, на матурата во Прага смртно страдаше матурант од нашата гимназија во Пореч. Не можам да кажам повеќе од тоа бидејќи се уште чекаме известување од локалната полиција“, изјави директорот на училиштето Крешимир Брониќ.
Тој додаде дека полициската истрага е спроведена, но што точно се случило „училиштето ќе дознае дури откако ќе го добие официјалниот извештај“.