Детали како почна масакрот: наставничката го повикала да одговори, тој извадил пиштол

Од:

Ученикот кој денеска пукаше во основното училиште Владислав Рибникар во Врачар и според потврдените информации на МУП уби осум лица, важеше за примерен ученик, учествуваше на многу училишни натпревари. лани го освои третото место на натпреварот по историја. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби.

Минатата година го освои и третото место на општинскиот натпревар по историја. Утрово упаднал на час по историја, прво ја ранил наставничката, а потоа ги застрелал другарите.

Вработените во училиштето рекоа дека наставничката по историја Т.С го повикала напаѓачот, ученикот од VII-2 клас, да одговори на прашање и тој потоа пукал во неа. Училишниот чувар и дежурните ученици го слушнале пукањето и отишле да видат што се случува, а потоа напаѓачот пукал и во нив.

Учениците од другите паралелки се затворија во училниците, додека некои деца во општа паника се обидоа да го напуштат училиштето преку друг влез. Наставничката била свесна кога пристигнала брзата помош. Според последните информации по оперативниот зафат таа се наоѓа во стабилна состојба.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски