Десет патници се повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија

Од:

Десет патници се повредени во сообраќајна несреќа што по 12 часот се случила денеска во Бугарија.

Според информациите на локалните медиуми, несреќата се случила на патот Борово – Волово, во близина на границата со Романија, кога туристички автобус налетал на камион, а потоа излетал од патот. Aвтобусот го управувал маж (36) од Романија, а возачот на камионот (50) е од Турција.

Од автобусот се повредени вкупно десет лица, меѓу кои осум Грци и двајца Романци. Повредените се пренесени во болница со полесни повреди кои не се опасни по живот, соопштија бугарските власти.

Меѓу повредените има и 62-годишна жена со повреда на главата, која е оперирана, но нејзината состојба не предизвикува загриженост.

Поради несреќата на оваа делница од патот имало застој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

„Голф“ излета од автопатот Тетово-Скопје, четворица завршија во болница

Шестмина повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина маж од Скопје

Девет државјани на Украина се повредени во сообраќајна несреќа во Полска