Десет курдски бунтовници и двајца цивили убиени во судири во југоисточна Турција

Од:

Десет бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) и двајца цивили биле убиени во борбите меѓу курдските бунтовници и турските сили за безбедност во југоисточна Турција, пренесоа британските медиуми.

Турските сили за безбедност минатата недела презедоа операции во градот Нусајбин, на турско-сириската граница, убивајќи 10 бунтовници од ПКК, се посочува во денешното соопштение на валијата во Мардин. Притоа биле убиени и двајца цивили, а уште 13 се ранети, се наведува во соопштението, без да се прецизира која е причината за жртвите.

Истовремено, полицијата во градот Дијарбекир, во југоисточна Турција, ја привела градоначалничката на градот Џизре, Лејла Имрет, изјави нејзиниот адвокат.

Во текот на септември во градот Џизре имаше жестоки судири меѓу борци на ПКК и турските сили за безбедност. Адвокатот посочи дека не знае зошто е приведена градоначалничката Имрет и дека немало наредба за нејзино апсење.

Министерството за внатрешни работи во септември ја отстрани Имрет од должноста, кога во Џизре беше воведен полициски час заради судирите меѓу курдските бунтовници и силите за безбедност.
Имрет беше избрана за градоначалник на Џизле во 2014 година.

Би можело да ве интересира

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски