Лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу соопшти дека ќе се кандидира за втор мандат на „претседателските избори“ во севернокипарската турска република, единствено призната од Турција. Изборите ќе се одржат во април, следната година.
Ероглу соопшти дека ја донел оваа одлука откако го слушнал гласот на кипарските Турци и повикот упатен до него од Партијата за национално единство и Демократската партија.
Тој изрази убеденост дека ќе победи на изборите и ја повика кипарската грчка јавност да се врати на масата за преговори, во обид да се најде решение за проблемот со етнички поделениот остров Кипар.