Дерменџиев: Има зголемен мигрантски интерес кон Бугарија

Од:

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, ја посети бугарско-турската граница во реонот на градот Елхово, јави дописникот на МИА од Софија. Според Дерменџиев, се зголемува притисокот на бегалците на бугарско-турската граница.

Мигрантскиот притисок на бугарско-турската граница е засилен, се очекува тој да расте и Бугарија е подготвена да му се спротивстави, рече Демерџиев. Според него, за истиот период лани миграцискиот притисок кон Бугарија е зголемен за близу 6 пати, а во однос на јули за околу 24%. Во првите седум месеци од оваа година имало повеќе од 60.000 обиди за преминување на границата, главно бегалци од Сирија и Блискиот Исток.

Расположливите гранични сили на Бугарија се справуваат, рече и Дерменџиев, распоредени се околу 860 лица од внатрешноста на државата – полициски сили кои и помагаат на Граничната полиција. Сликата секојдневно внимателно се следи и доколку има промена, Бугарија е подготвена да реагира со дополнителни сили и со промена на организацијата, рече министерот Дерменџиев. До денес не се потребни дополнителни делови, но доколку дојде до промена веднаш ќе реагираме.

Според него, оградата на бугарско-турската граница е во добра состојба, а функционална е и техничката опрема.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени