Депортација на нелегални мигранти од Грција во Пакистан

Од:

Доцна вчера, мигранти од Пакистан, кои нелегално пристигнале во Грција, беа депортирани во нивната земја на потекло, со што одново започна процесот на депортација на лица кои немаат право на азил во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, на атинскиот аеродром, за време на депортацијата на мигрантите бил и надлежниот министер за миграциска политика Нотис Митаракис, кој рекол дека „Грција спроведува строга, но праведна мигрантска политика“, а целта е оваа година, бројот на депортации да стигне до 10.000.

Вчерашното принудно враќање на мигрантите, било во рамките на договорот меѓу Грција и Пакистан, а процесот на депортација продолжува по пауза од четири месеци поради коронавирусот.

Враќањата на мигранти, Грција ги спроведува преку неколку различни процеси: преку принудни депортации кон трети земји, како што беше случајот вчера, враќања кон Турција врз оснава на договорот ЕУ- Турција, доброволни заминувања, преку Меѓународната организација за миграција и префрлања врз основа на Даблинската регулатива.

Во првата половина од годинава, 3.591 лице било вратено во земјата на потекло или од Грција префрлено во некоја од државите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он