Денио: Важно е Србија да е подготвена

Од:

Францускиот амбасадор во Србија, Франсоа Гзавије Денио, вели дека преговорите на Србија за членство во ЕУ ќе започнат помеѓу состаноците на Европскиот совет од 20-ти декември и 31-ви јануари. Според него сега е најважно Србија добро да се подготви.

-Одлуката за започнување на преговорите е донесена. Но доколку е потребно повторно да се слушне Европскиот совет во декември, можам да кажам дека преговорите ќе започнат помеѓу состаноците од 20-ти декември и 31-ви јануари-наведе тој.

На прашањето што значи терминот „потполна нормализација на односите со Косово“одговори дека тоа значи „конкретна, одржлива и видлива примена на договорот помеѓу Белград и Приштина од април и мај годинава“.

Францускиот дипломат нагласи дека тој термин не значи признавање на Косово, наведувајќи дека тоа го нема во договорите и потсети дека пред секоја важна одлука на Европскиот совет, се одржуваат француско-германски состаноци, поради посебен партнерски однос на државите.

Тој додаде дека Париз не се сомнева дека српската влада е подготвена да го примени она што го потпишала, односно Бриселскиот договор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Трагедија во Грција: Се удави маж од Србија, телото пренесено во Солун на обдукција

Катерина Ѓуровски

Британија сака да биде дел од „успешната приказна на Србија“ со литиумот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Улиците во Белград се претворија во реки, жена спасена од давење

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ се чека поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Катерина Ѓуровски

Маж од Србија тешко го ранил полицаецот пред израелската Амбасада во Белград

Став на Израел за нападот на полицаец во Белград: Обид за терористички напад

Горан Наумовски