Дендиас: Исклучително опасно е какво било споменување на промена на границите на Балканот

Од:

Како исклучително опасни ги карактеризираше министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас наводите за промена на границите на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи на конференцијата за регионален развој што се одржува во грчкиот град Патра, шефот на грчката дипломатија се осврна и на регионот.

-Пристапниот процес на Западен Балкан е многу голем и тежок обид. Последна работа што му треба на Балканот е размислувања за промена на границите. Балканот е нестабилен регион, особено Западен Балкан, рече Дендиас и додаде дека е потребна огромна внимателност во регионот за да не се предизвикаат други неконтролирани ситуации.

Коментираше дека „Балканот е чуден регион“, но и додаде дека „не верува дека на кој било начин нон пејперот потекнува од некоја држава, шеф на држава или влада на некоја балканска земја“.

Шефот на грчката дипломатија откри дека утре ќе биде во посета на Косово.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот