Дендиас до Ердоган: Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива

Од:

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, денеска оцени дека е неприфатливо турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се заканува дека со балистички ракети ќе ја нападне Атина.

-Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива, изјави Дендиас во Брисел, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија.

„Пристапот на Северна Кореја не смее да влезе во НАТО“, изјави Дендиас, пренесен од американските медиуми.

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја преплаши Атина. Тој изјави дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.

-Сега почнавме да ги правиме нашите ракети и ова производство ги исплаши Грците. Ќе кажете „Тајфун“, а тие се преплашени, велат дека може да ја погоди Атина. Да, секако дека може. Ако не останете мирни, ако се обидете да поставите оружјето на островите, што го добивте од САД, и тие ќе го направат тоа, предупреди Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он