Ден на жалост за Медлин Олбрајт утре во Косово

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи петок, 25 март, за ден на жалост по повод смртта на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од кабинетот на Османи, се наведува дека, на тој начин, косовскиот народ ѝ оддава почит на „големата пријателка на Косово“, која имаше една од клучните улоги при донесувањето на одлуката на НАТО воено да интервенира против Србија во 1999 година.

„Во знак на државна почит, петок, 25 март 2022 година, се прогласува за ден на жалост во Република Косово, за сеќавање на големата пријателка на Косово, Медлин Олбрајт, која почина вчера. Госпоѓа Олбрајт ја препозна болката на нашиот народ, затоа што и самата ја преживеала персекуцијата уште од детството, затоа застана цврсто против (српскиот лидер, Слободан) Милошевиќ до запирањето на неговиот геноцид во Косово. Го поддржувше без престан Косово до последниот здив и затоа косовскиот народ ќе ја помни вечно“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија