Демпси: Западен Балкан повторноо е во хаос

Од:

Западен Балкан повторно е во хаос, но за тоа не може да се обвинува Европа, туку локалните олигарси кои ја поткопуваат демократијата, изјави Џуди Демпси од Каренги центарот за Европа.

– Западен Балкан повторно е во хаос и не можете за тоа да ја обвинувате Европската унија, бидејќи за миг го сврти погледот затоа што имаше други прашања. Западен Балкан, пред се припаѓа на луѓето од Западен Балкан и барањето на помош е во ред, но тука мора да има некаков реципроцитет, а локаланите олигарси кои го водат Западен Балкан ја еродира волјата за реформи и ја поткопува демократијата, додека цивилните општества се обидуваат да ги вратат на патеката, посочи Демпси во интервју за Радио Слободна Европа

Таа наведе дека игнорирањето на обидите на Русија, на Кина и на Саудиска Арабија да влијаат на случувањата во европскиот двор беше кратковидно, бидејќи станува збор за безбедноста на Европа.

На прашањето како исходот од германските избори ќе влијае врз процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, Демпси истакна дека германската канцеларка Ангела Меркел е „прилично заинтересирана за интеграцијата на Западен Балкан“.

Таа додаде дека на цивилните општетства им е потребна помош од сите земји-членки на Европска унија.

– Потребно е повторно да се размисли како да им се возврати на олигарсите и како да се оживее вербата во демократизацијата и цивилното општество, потенцира Демпси.

Таа осврнувајќи се на политиката на идната германска влада кон Русија наведе дека идните партнери на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Слободни демократи се прагматични, додека Зелените се залагаат за поостар курс кон Москва.

– Досието Русија е во канцеларијата на Ангела Меркел и таа ќе ја одреди агендата, истакна Демпси.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ