Демонстрантите во Софија денеска протестираа со молчење

Од:

На 53-от ден од антивладините демонстрации против бугарската Влада на Пламен Орешарски во Софија, учесниците протестираа со молчење заради прогласениот ден на жалост по повод загинувањето на четворицата бугарски рудари.

Во тешкиот инцидент на 16 јули во рудникот за камен јаглен „Ораново“ во Симитли загинаа двајца рудари, а на 2 август спасувачите ги пронајдоа телата на уште двајцата нивни колеги, кои до тогаш водеа како исчезнати.

Голем дел од демонстрантите денеска беа облечени во црна облека во знак на жалост за рударите.

Меѓу главните барања на демонстрантите и натаму се оставка на владата и одржување предвремени парламентарни избори.

Граѓаните кои бараат смена на владејачката коалиција се организираат преку Фејсбук.

Пред зградата на Парламентот и натаму стои кампот од шатори, а луѓето во него изјавуваат дека нема да го напуштата центарот на Софија дури и пратениците да го користат годишниот одмор до крајот на август.

Протестните митинзи во Бугарија почнаа на 14 јуни по изборот на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски за раководител на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), кој поднесе оставка уште следниот ден.

Заради денот на жалост поддржувачите на Владата на Орешарски денеска не се собраа на контрапротест.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?