Демонстрации во Грција за поддршка на Владата

Од:

Илјадници луѓе синоќа се собраа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина во знак на поддршка на грчката Влада, по одлуката на Европската централна банка да не прифаќа грчки обврзници како гаранција за заеми, јави дописникот на МИА од Атина.

Слични протести се одржаа и во Солун пред Белата Кула и во Ираклион и Ханиа на Крит.

„Европската централна банка одлучи да престане со прифаќање на грчките обврзници. Грчките банки сега се потпираат на ЕЛА (помош за итна ликвидност). Ние нема да ги прифатиме новите уцени. Ние нема да го прифатиме враќањето на меморандумот. Ние нема да прифатиме уништување на општеството и продолжување на уништувањето на нашата земја“, се вели во поканата за митингот објавена на Фејсбук.

Синоќешниот протест, за разлика од досегашните демонстрации, помина со минимално присуство на полиција и без барикади. Протестот беше прв поголем собир против мерките за штедење, откако новата Влада на Сириза стапи на должност и веднаш ги отстрани барикадите на плоштадот за политички собири.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит