Демократски собир – победник на изборите во Кипар

Од:

Владејачката конзервативна партија Демократски собир (ДИСИ) победи на изборите во Кипар со 30,69 проценти од гласовите, јави локалната телевизија Сигмалајв.

Како што и се очекува на второ место е Прогресивната партија на работниот народ (АКЕЛ) со 25,67 отсто од гласовите, а на трето место е Демократската партија (ДИКО) со 14,49 проценти, пренесува БТА.

Според овие резултати во Парламентот влегуваат осум партии. Освен трите со највиоки резултати во законодавното тело ќе бидат претставени уште Движењето на социјалдемократите (6,18 отсто), Граѓанска алијанса (6,01 отсто), Движење за солидарност (5,24 проценти), Движење на зелените (4,82 отсто), како и Националниот народен фронт (ЕЛАМ) со 3,71 отсто.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ