Демократската партија и Двери го напуштаат српскиот Парламент

Од:

По Социјалдемократската партија (СДС) на поранешниот српски престедател Борис Тадиќ, одлука за напуштање на Народното собрание на Србија донесоа и Демократската партија (ДС) и движењето Двери, кои се членки на опозицијскиот блок Сојуз за Србија (СзС).

Претседателството на ДС одлучи демократите да ги напуштат собранијата на Србија, Војводина, Белград и сите градски и општински собранија, во кои „не се почитуваат елементарните демократски принципи и процедури“.

ДС соопштија дека решила да го поддржи „Договорот со народот“ од граѓанските протести „Еден од пет милиони“, во кој е предвидено и напуштање на парламентите.

Во исот време, и Претседателството на движењето Двери одлучи партијата да се приклучи на опозицискиот договор за создавање на „Договор со народот“ и го овласти претседателот Бошко Обрадовиќ да потпише потенцијален договор, кој ќе биде во рамките на 30-те точки од Сојузот за Србија (СзС), кои се заеднички барања на опозиција за фер и слободни избори и во согласност со барањата на организаторите на граѓанските протести.

– Двери го поддржува единственото опозиционо напуштање на сите собранија од републичкото, покраинското и оние на локално ниво, со цел понатамошно делегитимизирање на власта, граѓанска непослушност и промена на режимот на (српскиот претседатекл) Александар Вучиќ”, се вели во соопштението на партијата.

Во него се додава дека Двери остануваат со граѓаните на улиците во повеќе од 40 градови во Србија и ја продолжуваат „заедничката борба за нормална Србија“ во која медиумите и изборите ќе бидат слободни.

– Нема избори додека тие не бидат фер и слободни, порача оваа опозициската партија.

За односот меѓу граѓанските протести и опозицијата, денеска говореше и еден од основачите на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас, кој за ТВ Н1 изјави дека суштината на протестите е да се потпише договор кој ќе им гарантира на граѓаните „дека нештата ќе бидат различни”.

– Прво, нема да одиме на избори додека не се сменат изборните услови. Важно е да излеземе од сите собранија, бидејќи таму не постои демократија, нема разговор, туку само навреди. Но, тоа не е доволно. Само изборните услови не се гаранција дека нешто ќе се промени, суштината е по изборите. Еден ден ќе дојдеме до слободни избори, на кои ќе излеземе заедно – граѓаните кои шетаат, професорите, студентите, претставници на различни еснафи, јавните личности, смета Ѓилас.

Кога ќе победи оваа листа, додаде Ѓилас, ќе се формира експертска Влада во која нама да бидат партиските лидери и која „за една година ќе воведе ред во земјата“.

Говорејќи за бојкот на изборите, Ѓилас рече дека ова е легитимна форма на борба против властите и потсети дека македонскиот премиер Зоран Заев дојде на власт по бојкот.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ