„Делта холдинг“ плати 12 милиони евра гаранција за ослободување на Мишковиќ од притвор

Од:

Српската компанија „Делта холдинг“ соопшти дека денеска платила 12 милиони евра гаранција за ослободување на нејзиниот сопственик Мирослав Мишковиќ од притвор.

Мишковиќ, кој важи за најбогат српски бизнисмен, беше уапсен во декември минатата година под сомнеж дека незаконски заработил милиони евра од приватизација на различни градежни фирми без да плати данок. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие до 10 години затворска казна.

Компанијата „Делта холдинг“, која е една од најголемите во Србија, се занимава со десетици дејности – од банкарство, недвижни имоти и осигурување до продажба на аксесоари за домашни миленици во Србија и во другите балкански земји.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград