И по вклучувањето на Хрватска во Европската унија меѓу Загреб и Љубљана ќе останат неколку прашања, кои се уше не се решени, меѓу кои и складиштето за нуклеарен отпад од нуклеарната централа Кршко, предупредува љубљанско „Дело“.
Не е решено прашање дали Словенија сама ќе изгради депонија за сите нискорадиоактивни и среднорадиоактивни отпадоци од Кршко, чиј косопственик е Хрватска, а различни се ставовите на двете држави за тоа како да се обезбедат средства за демонтирање на нуклеарката, откако ќе биде затворена.
– Хрватска тврди дека средствата за демонтирање ги собира на посебна сметка, додека Словенија основала посебен фонд за демонтирање во кој средствата пристигнуваат веќе со години, додава весникот.
Тие прашања се начелно регулирани за време на хрватските пристапни преговори со ЕУ, но би можело да се повтори слична приказна, како со спорот околу Љубљанска банка, кога ќе се дојде до ситуација проблемите да треба конкретно да се решат.
Нерешени остануваат и некои прашања од сферата на инфраструктурата, но и правосудството со оглед дека словенечките државјани, кои имаат недвижнини во Хрватска се жалат на спорот при уписите во катастарските книги, додава „Дело“.
Претставници на словенечкото Министерство за надворешни работи истакнаа дека лани со Хрватска е почнат дијалог за активирање на мешовитата меѓудржавна комисија, која ќе се занимава со прашањата, кои една од страните ги смета за отворени.