Декларацијата за заеднички јазик, чија цел е поттикнување на свеста и активно влијание врз постоечката националистичка јазична пракса во БиХ, Хрватска, Црна Гора и Србија, ќе биде објавена на 30 март.
По тој повод во Сараево ќе биде одржана регионална конференција за медиуми, на која текстот на Декларацијата и нејзините цели ќе ги претстави професорот Енвер Казаз, писателката Ивана Бодрожиќ, Владимир Арсениевиќ од Здружението Крокодил, писателот и новинар Балша Брковиќ и директорката на Центарот за културна деконтаминација, Борка Павиќевиќ.
Декларацијата за заеднички јазик ја составија повеќе од 30 експерти од различни струки од овие четири држави, по серијата регионални конференции за проектот „Јазиците и национализмите“, кои од април до ноември минатата година беа одржани во Подгорица, Сплит, Белград и Сараево.
Текстот на Декларацијата ќе биде ставен на увид на јавноста од 30 март на веб страницата на проектот www.jezicinacionalizmi.com, каде секој кој се согласува со тоа ќе може да се потпише.