Дејселблум: Ако Грција ги отфрли реформите, невозможно ќе биде балансирање на буџетот

Од:

Доколку Грција отфрли премногу од реформите невозможно ќе биде балансирање на буџетот, а тоа ќе го направи невозможно постигнувањето на спогодбата со кредиторите, предупреди шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум.

Според Дејселблум се уште се разгледуваат пензиските промени, објави БТА.

-Разликите во преговорите со Грција се уште се многу големи, иако кругот на разлики се стеснува, истакна Дејселблум. Тој дополни дека се очекува за неколку дена Атина да предложи алтернативи.

Новата средба на високо ниво за Грција за постигнување спогодба за деблокирање на животно важната финансиска помош за Атина најверојатно ќе се одржи утре во Брисел, информираа неколку европски извори, цитирани од француските медиуми.

– Би требало да се одржи во петок, истакна еден од изворите, напоменувајќи дека може да се очекува уште една ноќ на долги преговори.

„Најверојатно ќе има нова средба утревечер, но тоа допрва треба да се потврди, изјави друг европски извор, близок до преговорите.

На средбата би требало да присуствуваат претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, грчкиот премиер, Алексис
Ципрас, и шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит