„Дејли Бист“: Исламска држава продава „на црно“ дизел гориво во Турција

Од:

Припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) продаваат „на црно“ дизел гориво во Турција за да обезбедат пари за својата „воена машинерија“ која војува во Ирак и во Сирија за да создаде исламски калифат, пишува американскиот интернет весник „Дејли Бист“.

Ова издание тврди дека од шверцот на дизел гориво во јужните, турски реони, блиску до турско-сириската граница, ИД остварува „милионски профит“ што потоа се користи за набавка на оружје и муниција, како и за регрутирање на нови „доброволци“ за оваа милитантна исламистичка група.

Според сознанија на турски аналитичари и на пратеници на тамошната опозиција, ИД во Турција „извезува“ по четири илјади тони дизел, секој ден, што припадниците на оваа група го земаат од сириските нафтонони полиња.

Горивото се довезува со камиони до турската граница, а потоа се внесува во земјата, по разни илегални канали, или со помош на импровизиран нафтовод, изграден тајно, до блиските погранични села.

Податоците на турската војска, на која се повикува „Дејли Бист“ откриваат дека на овој начин, Исламска држава секој месец заработува по повеќе од 15 милиони долари.

Весникот вели дека постои голем интерес во Турција за дизел горивото што го испорачува ИД, затоа што тоа подоцна се нуди на „црниот пазар“ по само 70 американски центи, за литар, што е многу помалку од официјалната цена од 1,85 долари колку што чини дизелот на турските бензиски пумпи.

Ваквиот „крвав бизнис“ како што го нарекува овој интеренет весник, што практично, ги фиансира убиствата и колежите кои ги вршат припадниците на ИД во Ирак врз немуслиманите и шиитите, предизвикува вознемиреност во САД и во европската јавност, особено што Турција е членка на НАТО и најверојатно ќе биде дел од коалицијата од десет земји, под американско водство, во пресметката со ИД.

На Западот постои стравување од „благиот однос на Турција“ кон ИД, затоа што калифатот што го создава оваа сунитска, исламистичка група, практично, е дојден до турската граница, а црните знамиња на групата се гледаат со „голо око“ од пограничните села во Турција.

Некои западни аналитичари и медиуми веќе јавно ја обвинуваат официјална Анкара за „поддршка на милитантите од ИД“. Тие тврдат дека сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган и новиот премиер Ахмед Давутоглу одбиваат ИД да ја означат како терористичка организација, дека турската територија се користи за доставување на оружје и опрема за милитантите, дека тие слободно доаѓаат на турска територија за да се „одморат“ како и дека преку Турција доаѓаат и заминуваат сите „борци“ на групата.

Официјална Анкара ги отфрла сите вакви обвинувања, а турскиот политички аналитичар и воен експерт Челалетин Јавуз за „Дејли Бист“ вели дека „рацете на Турција се врзани“ затоа што властите се плашат од можниот напад на припадниците на ИД и во турските реони. Тоа, според Јавуз, е причината за, како што вели, намалениот ентузијазам на турските безедносни сили за пресметка со Исламска држава. Тој смета дека Анкара е мошне внимателна откако ИД во Мосул, уште од јуни, држи 49 турски државјани како заточеници.

Турската опозиција, како и аналитичарот Јавуз, сепак, сметаат дека Турција, како втора по сила армија во НАТО, по САД, не може да седи и да гледа што се случува.

Армијата може да се вклучи барем за да се запре шврецот со дизел горивото и на тој начин да се намали приливот на пари за ИД, оценува Јавуз, инсистирајќи дека би можело да се засили контролата на 900 километри долгата граница со Сирија.

Откритието на „Дејли Бист“ доаѓа непосредно пред специјалната седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на борбата против Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски