Дедо на убиено девојче: Наместо таа да ме закопа, јас ќе ја закопам

Од:

Дедото на девојчето кое беше убиено во ходникот на училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград им оддаде почит на трагично загинатите деца и Драган Влаховиќ, човекот кој ги поздрави и ги спроведе од училиштето.

„Мислам дека не е вистина, ќе ми кажат дека внуката е дојдена дома“, вели неутешниот дедо и додава:

“Наместо внуката да го закопа дедо си, јас несреќниот морам со неа… убавата одбојкарка на дедо. Не знам како ќе живееме сите понатаму. Мојот постар внук исто така одеше во ова училиште. На дедо внуката се подготви, утрото облече фустан и отиде да се слика“, раскажува потресениот маж за Република.

Низ солзи раскажува дека девојчето со семејството за празникот било во Солун. Вели да останеа еден ден повеќе немаше ова да се случи.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски