Српското Министерство за образование врз основа на одлуката на педагошкиот колегиум на училиштето и во договор со Советот на родители на ОУ Владислав Рибникар и Работната група за подобрување на менталното здравје и безбедноста на младите, објави препорака за организација на воспитно-образовната работа и воннаставни активности до крајот на учебната година за сите ученици од белградското училиште во кое имаше масакр на почетокот на месецот.
Родителите можат да ја променат својата одлука
Инаку, во споменатото училиште денеска започна редовна настава, но без да се повикаат и да се запишат учениците кои не дојдоа на настава. Учениците првпат се вратија на училиште на 10 мај, односно една недела по масовното пукање, но наставата тогаш беше скратена, пишува Нова.рс.
Министерството презентираше вкупно четири препораки:
1. Секое дете кое не се чувствува подготвено да посетува настава и на кое му е потребна поддршка ќе биде обезбедено од професионалци.
2. Часовите, како и другите форми на поддршка на процесот на учење, се одржуваат исклучиво за деца чии родители изразиле желба за тоа.
3. Секој родител има можност во секое време да ја промени одлуката во согласност со моменталните чувства на своето дете.
4. Министерството за образование подготвува предлог за посебен модел за упис во средно училиште за учениците од 8-мо одделение од ОУ Владислав Рибникар, кој најпрво ќе биде претставен пред родителите.