Давутоглу: Во Сирија да се создадат безбедносни зони за заштита на населението

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека е неопходно во Северна Сирија да бидат создадени безбедносни зони за заштита на локалното население, јави ИТАР-ТАСС.

– Зоните треба да бидат создадени меѓу градовите Алепо, Идлиб и турската граница и во нив да бидат вклучени гранични градови, меѓу кои Кобане. А одлуката за создавање зони за безбедност треба да биде донесена од ОН, рече Давутоглу.

Турскиот премиер истакна дека Анкара не говори за создавање на „тампон зони, туку зони за безбедност“.

Сакаме во тие зони да доаѓаат луѓе и да се безбедни. Исто така сакаме да биде создадена зона, забранета за летови, бидејќи тоа е услов за сигурноста на луѓето во зоните за безбедност, рече Давутоглу.

Тој истакна дека терминот „тампон зона“ има воен карактер, а Турција нема никакви претензии за теиторијата на „пријателската“ земја Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија