Давутоглу: Преговорите со Асад се исто како да се ракуваш со Хитлер

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ги отфрли предлозите за средба со сирискиот претседател Башар ал Асад, оценувајќи оти тоа не би било ништо поразлично од ракување со Адолф Хитлер, Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ или со Садам Хусеин.

Американскиот државен секретат Џон Кери претходно изјави дека Вашингтон на крај ќе мора да преговара со Асад, доколку сака мир. Тоа наиде на жестоки реакции од Анкара, која тврди дека со Асад нема за што да се преговара.

– Доколку седнете и се ракувате со Асад по сите тие масакри и покрај хемиското оружје кои вие (САД) го прогласивте за црвена линија, тогаш вашата рака никогаш не може да биде избришана од историјата. Нема разлика во ракувањето со Хитлер или Милошевиќ, со Радован Караџиќ, со Садам или со Асад,  истакна Давутоглу во турскиот Парламент.

Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки вчера се обиде да го објасни ставот на Кери, наведувајќи дека Асад никогаш нема да биде дел од мировните преговори.

– Го поздравуваме демантот, истакна Давутоглу.

Анкара ги прекина врските со Дамаск по отпочнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година и повеќе пати апелираше за отстранување на Асад од власт. Турција претходно беше сојузник на Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија