Давутоглу: Несреќата на рускиот авион во Египет е злосторство против човештвото

Од:

Несреќата на рускиот патнички авион во Египет е напад врз целата меѓународна заедница, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, цитирано од ТАСС.

-Тоа е многу сериозно злосторство против човештвото. Тоа е не само напад врз руски авион, туку и напад врз сите нас, рече Давутоглу.

Турскиот премиер подвлече дека доколку не се реши кризата во една земја, тешко може да се спречи нејзиното ширење и во други држави.

– Затоа дојде време сите да дејствуваат заедно, изјави Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина