Даниел Митов: Ќе бараме да не се дозволат нови бегалски рути

Од:

По затворањето на балканската бегалска рута, Бугарија пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ и пред Европскиот совет ќе инсистира да не се дозволи формирање нови миграциски рути, изјави денеска шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов,

Како што јави БТА, говорејќи во текот на парламентарната расправа, Митов нагласи дека „не постои нешто ново што би можело да се дефинира како ризик за Бугарија“.

– Спречувањето на нови рути за бегалците, како оние преку бугарско-турската и грчко-турската граница и преку Црното море, би требало да биде запишано во конечниот договор (на ЕУ со Турција), нагласи Митов.

Според него, што се однесува до визната либерализација за Турција, доколку дојде до такво решение, Бугарија ќе бара таа да се услови, со спроведува на договорот за реадмисија меѓу Брисел и Анкара.

Бугарскиот министер за надворешни работи увери дека во моментов „нема ништо ново“ поврзано со бегалскиот бран што би можело да се дефинира како ризик за Бугарија, ниту на бугарската граница со Турција, ниту со Грција.

– Со Грција договоривме механизам за рано предупредување, ако евентуално се појават информации за зголемен мигрантски притисок на нашата заедничка граница, истакна Митов.

– По затворањето на балканската рута, во оваа ситуација никој не е безбеден. Сепак мислам дека нема причина за загриженост, иако секогаш постојат ризици, додаде Даниел Митов.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме