Т-портал – Загреб
Дали хрватската наука може повеќе да црпи од ЕУ фондовите е прашање кое често се провлекува во дискусиите на темата што се се можеше од ЕУ фондовите ако се знаеше. Затоа коментаторката ја Т-портал ја развесели можноста да подготви студија за изводливост за ЕУ проект кој го покренаа неколку хрватски факултети. Но, тоа беше пат да се разоткрие и фактот дека на хрватските универзитети главно не постои систем на управување со квалитетот! Неодамна подготвував студија за изводливост за еден ЕУ проект за неколку факултети. Проектот е одличен, идејата супер, влијание на цела ЕУ. Сон од соништата на секој сериозен консултант.
И потоа почна собирање на податоци кое ме освести во каква всушност состојба е хрватската наука.
И птиците на гранка знаат дека инвестициите на државата во науката се на значително пониско ниво од просекот на ЕУ. Тоа секако е нешто што не ни одговара и сигурно не успорува во развојот бидејќи додадената вредност на истражувањата не се трансферира во стопанството и не се комерцијализира.
Научниците приговараат на државата дека им дава премалку пари, а државата бара повеќе квалитетни резултати и дополнителна вредност. Во секој случај, незадоволни се и едните и другите.
Без инвестиции во квалитетот на законодавната и стратешката рамка со кој е регулирана работата во научно-образовните институции во Хрватска и тука примарно мислам на системите на нашите универзитети, морам да кажам дека непријатно ме изненади фактот дека кај нив главно не постои систем за управување со квалитетот и дека таквиот систем всушност воопшто не е задолжителен.
Лаички кажано тоа значи дека на многу факултети не постои евиденција која ќе покаже колку на пример услуги пружаат на стопанството, колкава е цената на секоја поединечна услуга, колку до сега ги пружиле и какви им се идните проекции, а за други показатели и да не зборуваме. За жал, многу факултети не водат такви податоци или не ги структуираат така да од нив се подмирува висината на трошоците. Освен тоа, кога ќе погледнете како изгледа структурата на приходите на повеќето хрватски факултети, чест на исклучоците, ќе видите дека многу средства доаѓаат од државниот буџет, што од една страна е во ред бидејќи овозможува на факултетите и нивните вработени непречено да работат, но од друга страна не делува поттикнувачки и не ги учи да водат сметка за своите ресурси. Последично и нивните услуги за стопанството, на кои треба да се темели нашиот регионален развој, се спорадични и не системски.
Се сеќавам на една пригода која се случи пред повеќе години во која имав прилика да разговарам со тогашниот високо позициониран претставник на Универзитетот во Загреб за истражување и развој. Ме интересираше зошто хрватските факултети не ги јакнат своите капацитети за користење на овој инструмент и зошто во него учествуваат како помали партнери и со помали износи, наместо да се вклучуваат во големи интегративни проекти кои се мерат во износи од неколку десетици милиони евра. Тоа лице ми потенцира дека е задоволно со овие резултати кои тогаш беа на такво ниво што Хрватска плаќаше поголема членарина за учество во тој програм од пари кои ги собираше низ спроведените проекти.
И тука доаѓаме до поентата на целата приказна. Во Хрватска науката, а исто така и во јавниот сектор, не е во чекор со успешна програма или главно спорадично. Кога еднаш ќе влезете во системот, не може да ве истера ниедна сила, без оглед на тоа какви резултати постигнувате или пак не постигнувате.
Тоа последично доведува до нерационално трошење на буџетски пари, бидејќи не се делат според резултатите туку според воспоставената пракса, а поради тоа страдаат научниците и студентите, како и работодавците и целиот пазар.
Замислете дека работите во фирма во која меѓу другото, продавате одредени производи, но не знаете колку воопшто ве чини да го произведете тој производ. Така можете ауспух да го произведете на пример за 140 куни по парче, а да го продавате за 100. Не морам да објаснувам каде би завршиле со таков пристап, но реалноста ве носи кон Линиќевата листа на должници.
И за крај, состојбата во науката е системски и повеќеслоен проблем кој тешко може да се опише во толку краток текст, но ако веќе на прв поглед гледаме дека постојат активности кои би можеле да доведат до подобрување на квалитетот и воспоставување на повисоки стандарди, тогаш тие кои управуваат со системот треба да се бават токму со тоа, наместо да одат во посета на црковни поглавари и да се бават со други помалку важни работи.
Она што ме радува е тоа дека во својата работа запознав цела низа квалитетни експерти, научници и организации кои пожртвувано работат и се трудат во овој систем каков и да е, сепак да постигнат подобри резултати. Таквите мохиканци се луѓе со кои сакам да работам и кои ми ја враќаат вербата дека работите кај нас сепак ќе се подобрат и тоа е пример кој сите мораме да го следиме.
Штета е само што политиката не ги гледа или не сака да ги види.