Дали имало врсничко насилство и одмазада? Одговорот можеби лежи во стара фотографија

Од:

Масакрот што го изврши Коста Кецмановиќ (13) во основното училиште „Владислав Рибникар“ фрли сенка врз цела Србија, но отвори и многу прашања.

Кој е одговорен, кој потфрли, како и зошто дојде до крвавиот масакр во основното училиште во Врачар во која загинаа осум ученици и чуварот – ова се само дел од прашањата кои постојано се појавуваат како на лента, откако од минута во минута излегуваат информации за овој, засега неевидентиран случај во Србија.

Централното прашање, од друга страна, секако е зошто тринаесетгодишниот Коста, момче од угледно семејство и примерен ученик, решил да тргне во крвав поход и да ги убие своите школски другари и да завие цели семејства во црно. Одговорот би можел да се крие во една фотографија која ја објави Милан Антонијевиќ на својот профил.

-Оваа стара фотографија од паркот до основното училиште „Владислав Рибникар“ е пораз за општеството, а сите што придонеле овие деца да им пишуваат на другарите вака во изминатите години или не реагирале на тоа, иако тоа е нивна работа, може слободно да преземат дел од одговорноста. Ве очекуваме! #одговорност – напиша Антонијевиќ на Твитер со фотографија на која пишува „Коста Кечмане. Педеру! Те чекаме“.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски