Дачиќ: Започнуваат подготовките за преговорите

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека на дневен ред на Србија е техничката организација и подготовките за преговорите за членство во ЕУ.

Дачиќ истакна дека по тој повод Србија во наредниот период ќе ја посети претседателот на Советот на Европа, Херман ван Ромпје, Европскиот комесар за проширување, Штефан Филе и Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон.

-Филе официјално ќе биде тој со кој ќе се дружиме и тој би требало со себе да доведе технички тим со кој ќе разговараме-нагласи српскиот премиер.

Тој додаде дека до сега Србија се занимавала со преговорите за Косово, но од сега е време и за преговорите под кои услови државата ќе стане членка на Унијата.

Според неговите зборови, ќе се формира преговарачки тим за сите 35 подглавја, за кои ќе се преговара, како и еден централен тим, а во нив ќе работат неколку илјади луѓе.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Силен земјотрес во Србија

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија