Дачиќ: Уште сме далеку од нова влада

Од:

Претседателот на Социјалистичката партија, Ивица Дачиќ кажа дека ниту со една партија не е постигнат договор за коалицирање зашто и до нив немало стигнато никаков предлог за формирање на влада.

„Никакви договори не се постигнати со никого, ниту за парламентарно мнозинство ниту пак за персоналните прашања, бидејќи ниту ДС ниту СНС не упатиле предлог до нас за формирање на Влада на Србија. За нас е најбитно – кој влегува во владата и која е политиката на таа влада. За сега не постои предлог кој е прифатлив за нас“, рече Дачиќ за агенцијата Танјуг.

Дачиќ изјави дека освен начелниот договор со Борис Тадиќ и неговата коалиција пред вториот круг на изборите за заедничка работа на формирање на парламентрано мнозинство, повеќе немало никакви конкретни разговори на таа тема.

 

Би можело да ве интересира

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот

(ВИДЕО) Голем протест во Белград: Црвен картон за власта и барање да се повторат изборите

Прегласување на 35 избирачки места во Србија, бојкот на коалицијата „Србија против насилството“

Захарова: Западот се обидува да ја дестабилизира Србија