Дачиќ упати сочувство до Обама

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денес упати телеграма со сочувство до претседателот на САД, Барак Обама по повод големиот број жртви и материјалната штета од силното торнадо во Оклахома.

-Во името на владата и свое лично име, Ви упатувам сочувство и длабоко жалење по повод загубата на голем број лица, меѓу кои и деца-стои во телеграмата.

Дачиќ во телеграмата наведе дека граѓаните на Србија сочувствуваат со семејставата на настраданите и целиот американски народ.

Силното торнадо најтешко го погоди подрачјето околу Оклахома, при што настрадаа најмалку 91 лице, од кои 20 деца.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари