Дачиќ: Србија сака што побрзо да стане членка на ЕУ

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека целта на Србија е да биде следната земја која ќе влезе во Европската унија. Дачиќ, по средбата со известувачот на Европскиот парламент за Србија Јеко Кацин истакна дека нема време за чекање и оти следната недела ќе продолжи дијалогот со Приштина во Брисел.

Дачиќ ги најави и посетите на Белград на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон (9 јули) и на еврокомесарот за проширување Штефан Филе (17 јули).

– Србија ќе продолжи со внатрешните реформи и примена на Договорот од Брисел и се ако се одвива според планираното, Србија може да очекува, дека ќе се движи со брзи чекори, посочи Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград