Дачиќ: Србија нема да се согласи Косово да добие место во ОН

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави вечерва дека Србија никогаш нема да се согласи Косово да „добие столче“ во ОН, освен ако тоа не биде резултат на сеопфатното решение кое е во согласност со националните и со државните интереси.

Дачиќ истакна оти е „илузорно да го коментира повикот на Демократската партија на Србија да поднесе оставка поради наводната изјава оти е подготвен на Косово да му даде место во ОН“, јави Танјуг.

Дачиќ укажа дека во текот на мировните преговори биле нудени неколку различни примери, меѓу кои и Косово да добие место во ОН доколку остане автономија во Србија.

– Тогаш не им пречеше, сега се сетија. Нека ме сменат, никој не треба да ме повикува да поднесам оставка. Никогаш нема да потпишам независност на Косово ниту да дадам било кој атрибут на државност, истакна Дачиќ.

Српскиот премиер повтори дека Србија сака целосно решение за Косово што подразбира отворени разговори за сите теми.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ