Дачиќ: Србија наскоро со датум за преговори

Од:

Српската влада очекува наскоро да добие  датум за почетокот на преговорите со Европската унија, бидејќи е цврсто решена да ги продолжи внатрешните реформи, а борбата против организираниот криминал и корупцијата е еден од нејзините приоритети, соопшти владата по состанокот на премиерот Ивица Дачиќ и известувачот на Европскиот парламент за Србија, словенечкиот европарламентарец Јелко Кацин.

Дачиќ и Кацин, нагласиле  дека Србија е „генератор на регионалната соработка и дека владата настојува да ги обезбеди сите неопходни услови за непречено функционирање на независните регулаторни тела”.

„Изјавата на Јелко Кацин за тоа дека Србија нема до крајот на годинава да го добие тој датум е негов став, темелен на тоа дали Србија ќе има доволно време за спроведување на задачите што од неа се очекува”, изјави Дачиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието