Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денес порача дека Србија е подготвена за почеток на преговорите со ЕУ и дека е решена да спроведе суштинска трансформација.
Дачиќ најави и дека утре со европскиот комесар за проширување, Штефан Филе ќе разговара за динамиката и организациско-техничките прашања.
Во разговорот со амбасадорот на ЕУ, Венсан Дежер тој констатираше дека односите помеѓу Србија и Унијата забележиле историски напредок за отворање преговори за членство.
Елена Георгиевска