Дачиќ: Споменикот во Прешево ќе биде отстранет до 17 јануари

Од:

„Доколку тие не го отстранат споменикот, ние ќе го тргнеме. Не постои проблем и прашањето дали ќе одам за Брисел, да ќе одам, само споменикот ќе го нема до тогаш“, изјаво српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Тој кажа дека Србија ќе се однесува европски.

„Ние ќе се однесуваме европски, а тоа значи, ќе го тргнеме тој споменик.“, рече Дачиќ, реагирајќи на повикот на Рамуш Харадинај Србија да се однесува европски во случајот со споменикот на припадниците на ОВПБМ во Прешево.

Тој додаде дека не е сигурен каде на друго место во Европа е можно да се прават споменици на оние кои се припадници на терористички организации и на оние што директно учствувале во убиства на полицајци и војници.

 

 

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он