„Нашиот договор подразбираше Тадиќ да победи на изборите. Сега имаме нова реалност и коалиција со СНС не е невозможна работа, но ќе продолжиме со разговори и со демократите“.
Ова е изјавата што ја пренесуваат српските медиуми а која лидерот на Социјалистите ја дал за весникот „Данас“.
Според српските медиуми се е поизвесно дека после победата, Томислав Николиќ нема да ја испушти можноста да формира влада, и дека сега се преговара со социјалистите да го откажат договорот со Борис Тадиќ.
Се пренесува дека Социјалистичката партија која е неопходна и на Тадиќ и на партијата на Николиќ за формирањето на новата влада, се повеќе е свесна за новите политички околности.
„Не треба никој да се зачуди дека новата влада можно е да ја формираат партијата на Томислав Николиќ и Социјалистичката партија“ наведуваат српските медиуми.