Дачиќ: Сега и официјално сме ресор на Филе

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ му посака денеска во Белград добредојде на еврокомесарот за проширување Штефан Филе со констатација дека „сега и официјално земјата е под негов ресор“.

На заедничката прес-конференција по средбата, Дачиќ истакна дека посетата на Филе во Белград сведочи дека и во Брисел „веруваат дека Србија ќе биде 29-та членка на ЕУ“.

Тој порача дека е многу важно Србија брзо да одговори на стартниот знак за почеток на преговорите со ЕУ и најитно да се подготви за преговори за членство, да формира преговарачки тим и да одреди главен преговарач.

– Му благодарам на Филе што толку брзо реагираше по одлуката ма Европскиот совет и што дојде со тимот кој брзо ја подготвил преговарачката рамка, нагласи Дачиќ.

Филе го информирал и дека неговиот тим веќе го подготвил рамковиот план на скринингот за Србија и дека тоа ќе трае во следните 18 месеци, а ќе почне кон крајот на септември, како и дека станало збор за тоа кои поглавја први се отвараат.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград